По одличните игри на Арсенал во месец јануари, нормално беше стратегот на овој тим Микел Артета да биде избран за менаџер на на месецот. „Топчиите“ одиграа три меча и забележаа две победи. За Артета оваа сезона е трето признание, имено по третпат е избран за тренер на месецот.
Додека Маркус Рашфорд е избран за играч на месецот. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед постигнуваше голови на три натпревари. Инаку Рашфорд по вторпат сезонава е избран за играч на месецот.