Партизан си гази во Евролигата. Вечерва четата на стратегот Жељко Обрадовиќ успеа едноставно да го декласира Жалгирис и тоа не негов терен со 88:74. Во текот на целиот меч “црно – белите“ беа подобри, на крајот заслужено победија, па така сега се на вистинска пат да дојдат до ТОП-8 екипи кои ќе бијат битка во 1/4 финалето во Евролигата.
Папапетру, Лесор и Пантер едноставно беа фантастични, како и сите останати кошаркари на Партизан.
На останатите мечеви вечерва од 23.коло, Фенербахче го победи тимот на Алба Берлин со 101:86, Реал Мадрид славеше на гости кај Монако со 95:91. Додека Олимпијакос го победи Анадолу Ефес со 76:70.