Легендарниот Американец за Новак: До вчера го плукаа, а сега му го бакнуваат за*никот!

2591

Можеш да го сакаш или да не го сакаш. Но мора да го почитуваш како најголемиот теисер во историјата, и тука нема дилеми. Се разбира дека ова се однесува за Новак Ѓоковиќ, кој според сите параметри, резултати и достигнувања е најдобриот тенисер кој некогаш го играл овопј спорт професионално.

Се знае низ што мина Србинот минатата година, па и две, а посебно лани во Мелбурн на АО. Но тој се врати, успеа да победи оваа година и да покаже кој е кој.

Џими Конорс, легендарниот тенисер од САД, веројатно еден од оние ТОП-10 во историјата, не крие дека Новак како човек и како тенисер ја има неговата поддршка и дека е воодушебен од се она што Србинот досега го постигнал.

Дечкото се држеше до своите уверувања, точни или погрешни тој си знае. Секој човек кој за Новак мислеше и кажуваше дека е го*мно, сега вели дека тој не го кажал тоа. До вчера сите оние кои го плукаа сега му го бакнуваат за*никот. Неверојатно“ изјави Конорс.

ПретходноЧелзи го исфрли Обамејанг од списокот за Лигата на шампионите
СледноПријателски во Анталија: Пораз на Силекс од Ресовија, Беса одигра без голови со Отелул!