Њукасл пред неколку дена објави дека успеал за 45 милиони евра да го купи мега – талентот на Евертон, Ентони Гордон. До тука се е во ред, но тој Гордон по се изгледа дека ќе „заглави“ во затвор. Имено тој го возел својот автомобил иако сеуште нема возачка дозвола, односно истата му била одземена поради некои поранешни прекршоци.
Сега е виден како го управува своето возило. Информациите од Островот велат дека полицијата веќе покренала истрага и ако успее да докаже дека Гордон направил прекршок големото засилување на Њукасл ќе оди во затвор.
За ваков вид на прекршок во В. Британија законот е многу строг.