За шест минути се беше готово во Рим (видео)

101

Екипата на Рома ги освои бодовите во дуелот со Емполи благодарение на победата од 2:0 во меч од Серија А. „Волчицата“ се најде во непријатен момент по тензиите со Николо Заниоло, потоа поразот од лидерот Наполи и исоаѓањето од Кремонезе во Купот на Италија. Вечерва успеаа да ја поправат ситуацијата со оваа вредна победа на домашен терен.
И двата гола паднаа во раната фаза и тоа од 2. до 6. минута и тоа на идентичен начин. Дибала изведе два корнери, а со глава погодија Ибањез и потоа Абрахам. Тоа на крајот се покажа како конечен резултат.
Имаше Рома уште неколку шанси, а ја издвојуваме тројната одбрана на голманот на Емполи Гиљелмио Викарио која можете да ја погледнете на видеото. Рома има 40 бода по 21 меч на третото место. Нивните блиски ривали своите мечеви ќе ги играат утре.

 

AS Roma [1] – 0 Empoli – Roger Ibañez 2′

Video AS Roma [1] – 0 Empoli – Roger Ibañez 2′ was uploaded to Streamin.me on Feb 05, 2023.

AS Roma [2] – 0 Empoli – Tammy Abraham 6′

Video AS Roma [2] – 0 Empoli – Tammy Abraham 6′ was uploaded to Streamin.me on Feb 05, 2023.

ПретходноКаква е Серија А дури и Монца може да биде шампион!?
СледноРеал Мадрид и Фламенго ги дознаат противниците на Светското клупско првенство