Гранеруд си „гази“ сезонава во СК – деветта победа за Норвежанецот

99

Лидерот во генералниот пласман Халвор Егнер Гранеруд победи на денешните ски скокови што се одржаа во германски Вилинген во рамките на Светскиот куп. За него ова е деветта победа, а трета по ред вклучувајќи ги и трите победи на Новогодишната турнеја.

Норвежанецот имаше скокови од 149,5 метри и 138 метри што беше доволно за прво место. Втор заврши Словенецот Анже Ланишек, а трет Полјакот Давид Кубацки.

Рековме ова е деветти триумф сезонава на Гранеруд, 11-ти пат по ред застанува на подиумот со што застана трет на листата на најмногу подиуми по ред во историјата по Јане Ахонен (13) и Петер Превц (12).

Утре повторно се скока во Вилинген и ете шанса Норвежанецот да се изедначи со Превц.

Во генералниот пласман Гранеруд е лидер со 1416 поени со 152 поени предност во однос на вториот Кубацки.

ПретходноАтлетико со огромен кикс против претпоследната екипа (видео)
СледноХановер и Кузмановски елиминирани од Купот на Германија