Мечот Атромитос-АЕК не се одигра поради бизарна причина

558

Натпреварот од 21 коло од грчкиот шампионат помеѓу Атромитос и АЕК не се одигра, а причината се головите кои биле пониски од димензиите пропишани со правилник. Играчите на гостинската екипа приметиле дека нешто не е во ред со едниот гол, па ги повикале судиите да го проверат. На крајот е утрдено дека не само едниот, туку двата гола биле пониски од пропишаното. Едниот три сантиметри, другиот пет.

Почетокот на мечот прво бил одложен за половина час за да се поткопаат стативите и да се поткренат на прописна висина. Меѓутоа ни поправките не дале резултат за тој половина часа па судијата ги испратил екипите во соблекувалната.
Така дополнително ќе биде одреден датум за одигрување на овој меч. АЕК е втор на табелта со меч помалку (токму овој со Атромитос), а лидер е Панатинаикос со поен повеќе.

ПретходноАкадемија Пандев го претстави новиот напаѓач од Грузија
СледноГранеруд со двоен триумф во Вилинген