По четири години истрага, надлежните органи на Премиер лигата, кои се задолжени за почитување на правилата под кои се подложни клубовите, и официјално го обвини Манчестер Сити за кршење на финансискиот фер плеј во повеќе од сто случаји.
Ни помалку ни повеќе туку „Тајмс“ објавува дека досега ова се нема случено во историјата на фудбалот и најавува драконски казни за богатиот клуб.
„Доколку биде докажана вината протв Сити, тогаш на овој клуб му се заканува одзимање на бодови, па дури и исфрлање од Премиер лигата“ – ова го пишува Мартин Зиглед еден од најдобрите и наградувани спортски новинари на светот.
BBC пак велу дека Манчестер Сити се терети дека ги прекршил правилата во периодот од 2009 до 2018 година и потсетува дека сето ова доби и завршница пред три години кога УЕФА го казни клубот со две години не играње во Европа плус 30 милиони фунти. Сепак, високиот спортски суд CAS, тогаш ја укина пресудата и ја намали казната од 30 на 10 милиони фунти.
BREAKING: Man City charged by Premier Leaue with numerous breaches of financial rules following a four-year investigation.
This is unprecedented: pic.twitter.com/ZGzdX210qP— Martyn Ziegler (@martynziegler) February 6, 2023