Сампдорија во 90+9. минута испушти победа кај Монца! (ВИДЕО)

124

Шокантен финиш за Сампдорија кај Монца. Четата на стратегот Дејан Станковиќ до 90+9 минута имаше 1:2, но тогаш домашните добија пенал и Песина израмни за конечни 2:2.

Со тоа тимот од Џенова испушти два златни бода во битката за опстанок. Херој на четата на стратегот Дејан Станковиќ до таа деветта минута од судиското продолжение беше Габиадини со двата гола во 12. И 58.минута, додека стрелец за Монца за 1:1 беше Петања во 32.минута.

Во последните секунди како што веќе кажавме, Песина од белата точка ги постави конечните 2:2 и со тоа ги “расплака“ гостите од Џенова.

ПретходноАеродром слави: МЗТ Скопје и „Фемили“ – повторно добитна комбинација!
СледноВојдан по триумфот: Вечерва беше празник на кошарката! Мора да продолжиме играме вака – со самодоверба!