По многу пресврти: Борец го доби дербито со Лирија

118

Во последниот натпревар од првото пролетно коло во домашното одбојкарско првенство, одбојкарите на ГОК Борец ја совладаа Лирија со 3:2 (24:26, 25:16, 25:19, 19:25, 15:8).

Во натпревар со многу пресврти, велешани се израдуваа на деветтата сезонска победа, за трето место на табелата со еден триумф помалку од второпласираната Шкендија. Лирија е четврта и ќе ја продолжи битката со Работнички и со Весна Пробиштип за влез во полуфиналето од разигрувањето.

ПретходноТомпсон погоди 12 тројки за победа на шампионот, Далас победи и без Дончиќ
СледноЛеброн за трејдот на Кајри во Далас: Ме разочара!