Раководството на Јуве ги откри своите планови за Погба

350

Во изминатите неколку дена италијанските медиуми пишуваа дека Јувентус сака да го раскине договорот со Пол Погба поради неговите проблеми со повредите.

Французинот минатото лето се врати во Јувентус од Манчестер Јунајтед, но допрва треба да го направи своето второ деби за тимот од Торино. Погба заработи тешка повреда на коленото на пријателски натпревар, па мораше да оди на операција, а поради тоа се уште е надвор од теренот.

Иако се очекуваше брзо да се опорави по операцијата и да биде подготвен за настап веднаш по Светското првенство, ништо не излезе од тоа.

Погба беше во протоколот за натпреварот против Монца на 29 јануари, но потоа повторно се повреди и повторно е надвор од теренот.

Натпреварот кој Јувентус го игра против Салернитана исто така дојде прерано за Погба и сите едвај чекаат да го видат на теренот.

Впрочем, италијанските медиуми објавија дека Јувентус сака да го раскине договорот со Погба, бидејќи нема повеќе трпение со него.

Погба зема 170.000 фунти неделно, а има четиригодишен договор, па јасно е зошто тоа изгледа сосема логично.

И покрај тоа, Јувентус многу брзо се огласи, а накратко демантираше се што напишаа новинарите, бидејќи сметаат дека Погба е важен дел од тимот.

Останува да се види дали Погба конечно наскоро ќе заигра за Јувентус или оваа сезона практично ќе му помине во терапија и опоравување од повредите.

ПретходноФранцузинот го стави Кјелце во тесно, одби да патува во Кил!
Следно„Црни“ 15. минути за Пелистер и нов пораз од Архус!