Манчестер Сити најмил високо квалификуван адвокат за обвинувањата од страна н Премиер лигата. Како што е познато вчера од Премиер лигата го обвинител клубот за повеќе од 100 прекршувања на финансиските правила од 2009 па до 2018 година.
Според „The Lawer“, раководството на Сити го најмило адвокатот Дејвид Паник да ги брани во случајот. Тој е најпознат по случајот во кој докажа дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон во 2019 година и дал незаконски совет на кралицата Елизабета Втора да го суспендира Парламентот.
Тој обично наплатува по 5000 фунти на час за услугите, меѓутоа услугите достигнуваат и до 10000 фунти на час во зависност од сложеноста на случајот.
Доколку случајот отиде на суд, тогаш Паник ќе работи полно работно време и ќе заработува меѓу 200.000 и 400.000 фунти неделно. Таа сума е иста со заработувачката на Кевин де Брујн, најплатениот фудбалер на Манчестер Сити и Премиер лигата.
🚨 Manchester City are set to hire Lord Pannick KC, one of Boris Johnson’s Partygate lawyers, to help defend the club against the Premier League.
He typically charges £5,000-a-hour but could charge City £80,000-a-day or £400,000-a-week if it goes to trial.
(Source: @SunSport) pic.twitter.com/1GXzyYiVoI
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 7, 2023