Чурлинов и Барнли со гол во 94 минута се пласираа во 1/8 финале на Купот

270

Барнли со голот на Нејтан Тела во 94 минута го победи Ипсвич со 2:1 и се пласира во осминафиналето на ФА купот. Во првиот меч во Ипсвич резултатот беше 0:0, па мечот се преигра и лидерот на Чемпионшип дивизијата оствари победа.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ги одигра последните 20 минути.
Во наредната рунда Барнли ќе игра со Флитвуд кој денеска го победи Шефилд Венздеј со 1:0. Тимот на Чурлинов е голем фаворит на тој меч и има шанса да избори четвртфинале на ФА купот.

ПретходноМан.Сити против Премиер лигата ќе се бори со адвокат кој наплатува од 5000 до 10000 фунти на час
СледноЛеброн Џејмс испиша историја, стана најдобар стрелец во НБА лигата на сите времиња (ВИДЕО)