Фотографија тешка 76,777 поени!

280

Леброн Џејмс и официјално е најдобриот стрелец на сите времиња во НБА-лигата. „Кралот“ успеа да го симне од тронот Карим Абдул Џабар, кој долго време беше лидер во оваа категорија.

Рекордот кој стоеше од пензионирањето на Џабар во 1989 година беше 38.387 поени и се сметаше дека никогаш нема да биде надминат. Историјата се запиша во вторникот наутро со кошот на Џејмс во третата четвртина против Оклахома.

Карим беше на работ од теренот и еден од оние кои веднаш станаа и му аплаудираа на новиот рекордер. Симболично му ја подаде топката во центарот на теренот како да ја предава круната и му дозволи на Џејмс да го сумира постигнатото во неколку реченици. Тој започна со оддавање почит кон него, неговиот говор ќе стане иконски.

 

„Многу ми значи да бидам во друштво на таква легенда како што е Карим Абдул-Џабар. Отсекогаш сум сонувал да бидам дел од НБА, но не можев да замислам за милион години дека она што се случи вечерва може да испадне подобро од тоа”, рече Леброн.

ПретходноЛудило од Србинот: Јокиќ со нов трипл-дабл, го оствари во првото полувреме (ВИДЕО)
СледноАБА-лига го прогласи Кук за МВП на 18. коло!