Можеби од почетокот на сезоната не ја доби комплетната доверба на менаџерот тен Хаг, но Маркус Рашфорд од меч во меч покажува дека е незаменлив дел од овој Манчестер Ј. Имено, но синоќа младиот напаѓач на „црвените ѓаволи“ повторно беше стрелец за својот тим на мечот со Лидс и успеа да израмни рекорд на еден од најдобрите стрелци во историјата на клубот.
Рашфорд стана првиот играч на Манчестер Јунајтед во последните 11 години кој постигнал гол на „Олд Трафорд“ на 6 последователни натпревари во Премиер лигата. Последен пат тоа му успеа на Вејн Руни во пролетта 2012 година.