Во ниските лиги во Јужна Америка често се случуваат трагични настани. Оваа информација ни доаѓа од Бразил во фудбалски меч од локален аматерски Куп Пеледау. Голманот на екипата Чунај се спремал да го изведе одлучувачкиот пенал против Гуарани за пласман на својата екипа во четвртфиналето. Меѓутоа во тој момент криминална фракција која сакала победа на Гуарани извршила напад со огнено оружје. Наоружаните лица пукале кон противникот и убила тројца фудбалери. Биле испукани преку 30 куршуми.
Фелипе да Коста починал на лице место, Одилон Мендонка и Валтенир се префрлени во болница каде што починале. Уште двајца играчи биле застрелани, но тие преживеале.
„Тоа е општ проблем, тоа не е нешто што е поврзано со спортот. Мораше да има повеќе полицајци, да се посвети поголемо внимание на јавната безбедност“, изјави Маркос, прв човек на една од заедниците на Манаус.
Во ова првенство учествуваат многу тимови поделени во најразлични категории. Меѓутоа во истото учествуваат и тимови формирани од криминални фракции кои не бираат средства за победа.
И претходно на овој Куп се случувале инциденти, а дел завршиле и трагично.
На пример во 2013 година голманот Паулињо одбил понуда да пушти пенал. Го одбранил ударот од белата точка по шутот на капитенот на противничкиот тим кој воедно бил и дилер на дрога. Подоцна Паулињо бил застрелан од двајца вооружени напаѓачи на моторцикл.
Partida que estava sendo transmitida ao vivo em Live, na zona leste de Manaus na tarde deste domingo entre Tchunay FC x Guarani FC, termina com tiroteio e mortes.
Que tristeza 🥹 pic.twitter.com/Evt1x5gOe2
— Heverson Reis (@heversonreis88) January 23, 2023