Познато е дека Кристијано Роналдо не се раздели од Манчестер Јунајтед на најдобар можен начин, напротив. Како сите во клубот едвај да чекаа тој да си замине, а посебно неговите соиграчи. Иако тоа јавно никој не го кажуваше.
А дека е така доказ е фактот дека само еден играч на Манчестер Јунајтед му честитал на социјалните мрежи на Португалецот по онаа вчерашна голеада кога тој постогна четири голови во дресот на Ал Наср и потсети дека сепак има и во Саудиска Арабија што да каже.
Тој еден е младиот Алехандро Гарначо кој никогаш не криел дека токму Роналдо му е идол.