Тричко го спаси АЕК од сензационален пораз (ВИДЕО)

195

Иван Тричковски го сласи тимот на АЕК Ларнака од сензационален пораз од „фенерџијата“ на табелата во кипарското првенство. Имено, на домашен терен АЕК Ларнака денеска одигра само 1:1 против екипата на Акритас, која се наоѓа на последното место на табелата, но водеше со 1:0 дури до 89. минута.

Тричковски кој мечот го почна од клупата, влезе во игра во 62. минута, а во завршницата во капитенски стил, погоди за израмнување.

АЕК Ларнака со овој бод останува на чело на табелата во кипарската прва лига.

ПретходноЛоша финална четвртина и пораз на МЗТ од директниот конкурент за опстанок
СледноАнтовски е нов фудбалер на чешка Карвина