Антовски е нов фудбалер на чешка Карвина

347

Младиот македoнски репрезентативец, Филип Антовски, денеска е промовиран како ново засилување за чешка Карвина. 22-годишниот поранешен капитен на репрезентацијата на Македонија до 21 година, денеска го одржал и првиот тренинг со новиот тим.

Антовски е дете на Вардар Скопје, а дел од својата досегашна кариера ја помина во Динамо Загреб, Славија Софија, Австрија Виена и Истра.

„Филип е агилен и технички умешен фудбалер на перспективна фудбалска возраст. Баравме бек, затоа ми е драго што трансферот беше успешен“, изјави спортскиот директор на МФК Карвина, Лубомир Влк.

Антовски есента ја помина на позајмица во хрватскиот клуб Истра, по што во јануари се врати во австриската престолнина.

ПретходноТричко го спаси АЕК од сензационален пораз (ВИДЕО)
СледноШпански третолигаш почнува со изградба на фантастичен стадион