Пандев: Срцето ми е полно, вечно ќе се сеќавам на овие моменти

565

Капитенот Горан Пандев го одигра последниот меч во репрезентацијата и заслужено кажа крај. По 20 години во националниот тим дојде време да се збогува затоа што чувствува дека не е спремен да игра еднакво добро и за клуб  и за репрезентацијата.

По 20 години носење на овој свет дрес и среќен сум што вака ја завршив кариерата со настап на ЕП. Немавме искуство, ни фалеше малку да направиме резултат. За мене е големо нешто и вечно ќе се сеќавам на овие моменти“, вели нашиот најдобар фудбалер.

Холандија е фаворит игра на домашен терен. Добро се носевме во првото полувреме, во второто физичкиот дел излезе на виделина. Тие имаат неверојатни фудбалери кои можат без проблем да одиграат 90 минути имаат и неверојатна клупа. Понекогаш и судиите се наклонети на тие големи репрезентации.
Ова е моја конечна одлука. Не можам да играм, чувствувам дека е премногу да играм на два фронта. Оваа репрезентација има лидери и верувам дека момците можат да изборат пласман на СП.

Срцето ми е полно. Посебно е чувството кога ќе видиш толку многу Македонци кои те бордат во Букурешт и во Амстердам. Направивме нешто што вечно ќе остане во сеќавање, им благодарам на сите што беа дел од оваа моја 20-годишна бајка. Го дадов максимумот од мене и време е да кажам крај“, додаде Гранде Пандев.

ПретходноИконата си замина…кога цела “Јохан Кројф Арена“му аплаудираше на Пандев!
СледноСтефан Ристовски: Некои играчи мора да сфатат дека фудбалот се игра 90. минути!