35 земји побараа од ИОК да не им дозволи на Русите да настапат на ЛОИ во Париз 2024

93

Група од 35 земји, вклучувајќи ги САД, Германија и Австралија, ќе побараат на руските и белоруските спортисти да им биде забрането учество на Олимпијадата во Париз во 2024 година, изјави во петокот министерот за спорт на Литванија.

Овој потег го зголемува притисокот врз Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), кој очајно сака да избегне распарчување на најголемиот спортски настан во светот поради крвавиот конфликт што се одвива во Украина.

Додека беснее војна во Украина, балтичките земји, нордиските земји и Полска ги повикаа меѓународните спортски тела да им забранат на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат на Олимпијадата.

Украина се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри доколку на нив се натпреваруваат руски и белоруски спортисти.

ПретходноПријателски: Тиквеш го победи Пелистер, Беса го декласира Тетекс!
СледноЧелзи и со најскапите зимски засилувања не успеа да го победи Вест Хем (ВИДЕО)