Денеска на „Билјанини Извори“ во Охрид, во пријателски натпревар, последен пред стартот на пролетниот дел, тимот на Струга Трим Лум со 0:2 славеше на гости кај Воска. Ова беше своевидна “генералка“ за есенскиот првак пред стартот на продолжението. И не само поради победата, стрелци беа Мухарем во 43. И Ибраими во 73.минута, туку и поради играта која ја прикажаа избраниците на сратегот Срѓан Захариевски.
Беа далеку подобар противник,имаа повеќе од играта и покрај тие два гола имаа и неколку добри шанси кои не беа искористени.
Очигледно е дека Струга Трим Лум покажува сила на една недела до стартот на пролетниот дел.