ТФТ со Костоски победнички во Кавадарци, „убиствена“ серија на Кожув за нова радост!

108

ТФТ го запиша и третиот триумф во низа во вториот дел од шампионатот, вкупно десетти оваа сезона, откако го освои „Јасмин“. Тимот од Тафталиџе славеше против Еуро Никел со 69-73 и се зацврсти на третото место на табелата во Првата лига, има бод повеќе (25) од кавдарчани и гостиварци.

Ова беше доста интересна пресметка со бројни промени на водството во текот на целиот меч. ТФТ успеа да ја осигура победа во последната четвртина, поточно во вториот дел од овој период, со серија од 9-0 поведе со 63-68. Кавадарчани доближија на минус еден, но Костоски имаше мирна рака кога беше најпотребно.

Токму Костоски со 25 поени беше лидер кај гостите каде уште Батрик беше двоцифрен, имаше 15 поени и 14 скока. Планиниќ и Гавриловиќ имаа по 17 поени кај Еуро Никел.

Кожув продолжи во победнички ритам, го запиша четвртиот триумф во низа, овој пат на гостувањето кај Чари каде славеше со 79-86. И овој дуел беше решен во самиот финиш, во кој избраниците на Александар Јончевски се снајдоа многу подобро. Од минус седум до плус седум 79-86 дојдоа кавадарчани благодарение на серијата од 1-15.

Ризвиќ со 25 поени беше прв стрелец кај гостите, Гордон запиша 22. 33-те поени на Мохамед беа премалку за победа на Чаир.

ПретходноОхрид со цел плен од Битола, Пелистер го освои Бутел!
СледноРома само со бод си оди од „Виа дел Маре“ (видео)