Стартот на плеј-аутот донесе изненадувања. Откако Скопје ја совлада Струга која пренесе максимален број на бодови во ова натпреварување, уште еден меч заврши со изненадување.
Вардар Неготино го совлада Голден Арт со 25-23. Гостите од Скопје имаа минимално водство на полувремето од 10-11 кое најави дека ова ќе биде интересен натпревар. Домаќинот имаше водство од четири гола 22-18, но на другата страна скопјани се вратија израмнија на 23-23. Вардар Неготино успеа да постигне два гола и да дојде до голем тримф.
Орешков, Адамовиќ и Пеовски постигнаа по пет гола, Гошевски и Трајковски запишаа по четири кај гостите.
МРК Куманово стигна до тежок триумф на гостувањето кај Јуниор Кисела Вода со 20-21.