Унион Берлин е фудбалско чудо! (ВИДЕО)

205

Не е веќе никакво изненадување кога ќе се каже дека Унион Берлин победил во меч од Бундеслигата, не е чудо и кога тоа ќе го направи кај силниот Лајпциг и тоа со 1:2 на гости, иако губеше со 1:0.

Малиот“ клуб од Берлин уште има право да ја сонува титулата со оглед на тоа дека е само на бод од лидерот Баерн по 20.коло во Бундеслигата.

Лајпциг поведе со голот на Хајнриш во 24.минута, а потоа гостите со головите на Хаберер во 64. и Кноче во 72. минута дојдоа до победата.

ПретходноКузманово го најде лекот за Феникс!
СледноАгон Елези јавно им се извини на своите соиграчи и фановите на Вараждин! (ФОТО)