БРАВО за Калин Ивановски. Браво за нашиот најдобар тенисер кој денеска мина речиси 6,5 часа на теренот на двата меча, осминафинале и четвртфинале, и во двата победи и со тоа се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Монастир (Тунис).
Прво во текот на претпладнето во драматилчен меч го доби Пичоне од Италијa со 2:1 сетови, за да попладнево во 1/4 финалето беше подобар и од Иначоне од Италија, исто со 2:1 во сетови.
Првиот сет го доби со 7:5, потоа вториот го загуби со 2:6м за да во третиот и решавачки просто го декласира Италијанецот со 6:1.
Уште еднаш – БРАВО КАЛИН.