Билбао освои три бода на “Местаља“!

77

Атлетик Билбао успеа како гостин да ја победи, оваа сезона очајната, Валенсија со 1:2. Три златни бода за тимот од Билбао со кои сега е шести на табелата со вкупно 32 бода, додека Валенсија и натаму е во зоната на испаѓање во Ла Лига.

Кастељехо во 17.минута со гол донесе водство за домашните за еуфорија на “Местаља“. Сепак гостите од Билбао со головите на Вилијамс во 30.минута и Санцет во 72.минута дојдоа до победата.

ПретходноАталанта го преслуша Лацио на “Олимпико“! (ВИДЕО)
СледноКока е нов селектор на Мексико