Нема дилеми дека Лео Меси, откако и ја донесе титулата светски првак на Аргентина, е неприкосновен херој на својата нација.
Токму затоа властите во таа земја, во која инфлацијата е една од најголемите во светот, планира на новите банкноти од 5.000 и 10.000 пезоси да го стават и ликот на Лео.
Сеуште нема официјална одлука, се чека на одговор од парламентот откако Владата на Аргентина го достави овој предлог, но нема дилеми дека парламентарците ќе гласаат – За.
Па има ли некој во Аргентина што мисли дека Лео Меси ова не го заслужува.