Столе Димитриевски не успеа по деветти пат сезонава да ја сочува мрежата во Ла Лига. Попладнево македонскиот голман со неговиот Рајо Ваљекано на гости одигра 1:1.
А се беше добро до 77.минута кога Столе лошо дегажираше, со топката го удри домашниот фудбалер Унал и тоа беше 1:1. Претходно Рајо водеше, Столе беше одличен, се беше како што треба, но ете и тој можел некогаш да погреши.
Да кажеме дека и двете екипи не реализира пенал. Мајорал шутираше над голот на Столе, додека Сориа му го одбрани ударот на гостинскиот играч Де Томас.
Да кажеме дека во самиот финиш на мечот Димитриевски спаси чист гол, но бадијала, ќе се памети неговиот кикс со кој му подари гол на домашниот состав на Гетафе.
Штета за Рајо, со ова реми и тоа како си ги намали шансите за пласман во ЛШ.