Иако се беше договорено со Славија Софија за трансфер во овој бугарски клуб, иако беше и промовиран, сепак младиот играч за врска Христијан Георгиевски во пролетниот дел ќе игра за Силекс. Тој веќе неколку дена во Анталија заедно со кратовци и се очекува промоција.
Неможноста се комплетира документацијата на некогашниот фудбалер на Скопје е причината зошто неговиот трансфер во Славија Софија пропадна.
Интересно, тој е внук на Славчо Георгиевски – Тупан, стратегот на Скопје, па ќе видике како тоа ќе изгледа кога ќе играат Скопје и Силекс.