Се започна некаде во ноември 2015 година кога тогаш новиот селектор Игор Ангеловски успеа да го убеди Горан Пандев да се врати во репрезентацијата. И се тргна како што треба. Прво со добри игри, создавање на “костурот“ на тимот, а потоа дојдоа и резултатите. Ангеловски, Пандев, сите останати репрезентативци, се разбира голема улога одигра и раководството на ФФМ, и се дојде до историски успех. Пласман на ЕУРО, нешто што можевме само да сонуваме.
А таму, посебно во Букурешт фановите ја “запалија“ Европа, сите со пофални зборови. Нешто слично и во Амстердам.
Можеби резултатски очекувавме повеќе, но кој може да им замери на Пандев и другарите?
Во ова видео можете да го видите патот на Македонија до ЕУРО и сегменти од мечевите на него.
Се разбира на крај со величенстевно простување на нашата икона од репрезентацијата.
Вреди да се погледне.