Го исвиркаа над 60.000 навивачи, Леброн им врати со еден потег (ВИДЕО)

1347

Леброн Џејмс беше ВИП гостин на Супер Боул 57, во кој Канзас Сити ја победи Филаделфија со 38:35. На овој натпревар „Кралот“ имаше „пресметка“ со навивачите и на крајот излезе како победник против над 60.000 луѓе кои го исвиркаа кога се појави на големиот екран.

Навивачите на двата тима го испратија Џејмс со огромни свирежи. Се слушнаа некои навреди, но потоа Џејмс направи незаборавен потег за кој долго ќе се зборува. Кога сфати дека не е добредојден меѓу фановите на Суперболот, Џејмс решил лично да се справи со нив. Тој со рацете сигнализираше дека ја става круната на главата, по што доби нови свирежи.

ПретходноЕмотивен потег на Елмас – голот го посвети на настраданите жртви во Турција (ВИДЕО)
СледноТренерот на Рајо по киксот на Столе: Димитриевски ја има мојата поддршка, а колку бодови тој ни донесе! (ВИДЕО)