Премиер лига: Фудбалерите се чудеа зошто добиваат жолти картони! Еве го одговорот…

315

Изминатиот викенд во две ситуации беа поделени жолти картони на фудбалери што предизвика чудење не само кај играчите туку и кај гледачите. На мечот меѓу Саутемптон и Вулверхемптон, Марио Лемина доби црвен картон (поточно втор жолт) затоа што како трет фудбалер на својот тим му пришол на судијата за време на протест. Имено, двајца негови соиграчи зборуваат со судијата за фаул, тие не добија жолти картони, а Лемина како трет, според правилникот, добива жолт картон.
Соиграчот Рубен Невеш по мечот објасни што му кажал судијата:
„Ми рече дека двајца играчи трчале кон него, а бидејќи Марио Лемина беше трет кој приоѓа, доби жолт картон и бидејќи му беше втор беше исклучен. Сега ќе ги провериме правилата, ако тоа правило воопшто постои“, збунет е Невес.
А идентична сцена се случила и на мечот Манчестер Сити и Астон Вила. Даглас Луис го фаулирал Кевин де Брујн. Кон судијата Роб Џонс притрчале незадоволните играчи на Сити барајќи жолт картон. Прво му пришле Гундоган и Грилиш, а трет стигнал Рубен Диас и тој добил жолт картон.

ПретходноВеличковски од Вардар дојде во Работнички
СледноТони Крос: Секоја чест за помладите, но Лука и јас уште сме тука!