МЗТ Скопје според планот, со „102“ низ Кисела Вода!

141

МЗТ Скопје дојде до 13. триумф во Првата лига и повторно се врати на врвот. Во последниот меч од 15. коло, македонскиот првак славеше со убедливи 86-102 на гостувањето кај Академија ФМП.

Стратегот Драган Николиќ комбинираше за оваа средба, па шанса добија оние кошаркари кои добиваат помала минутажа. Тука на прво место е Пандев, кој максимално ги искористи своите минути, зад своето име запиша 19 поени. Зад него беа Робев со 18 поени и Кук со 16. На другата страна Василевски имаше 15 поени.

МЗТ Скопје по првото полувреме имаше предност од 40-57, по одморот ја доби и третата четвртина, додека домаќинот успеа да биде подобар само во последниот период, но тоа не беше доволно за изненадување.

Академија ФМП сега има скор од три победи и се наоѓа на претпоследното место на табелата.

ПретходноВардар 1961 лесно до бодовите, Чувара ја наполни мрежата на Пролет!
СледноВака изгледаше „Пољуд“ по повод 112-тиот роденден на Хајдук (видео)