Синоќа со победата над Парагвај од 1:0, стрелец беше Папу Гомез, селекцијата на Аргентина се пласира во 1/4 финалето на Копа Америка. Голот падна уште во 10.минута, подоцна “гаучосите“ постигнаа уште еден, но беше поништен од ВАР. Во целиот меч Аргентина беше подобра и заслужено победи.
Инаку овој натпревар беше 147 за Меси во репрезентацијата, со што го израмни рекордот на Маскерано по број на настапи за Аргентина.
Во вториот меч синоќа на Копа Америка, репрезентациите на Чиле и Урувај одиграа 1:1. Варгас во 26.минута и донесе водство на селекцијата на Чиле, за да 66.минута Видал си постигне автогол за конечни 1:1.