Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во четврток гостуваат во Барселона во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа, а Ерик тен Хаг има сериозни проблеми со изборот на фудбалерите.
Покрај бројните повреди, проблем се и две суспензии, бидејќи Тен Хаг нема да може да смета на Лисандро Мартинез и Марсел Сабицер.
На листата на повредени се Кристијан Ериксен, Ентони, Скот Мектоминај, Дони ван де Бек и Ентони Марсијал, па „кратката“ клупа може да биде проблем за Тен Хаг.
Главното прашање е дали Хари Мегваер конечно ќе добие шанса, бидејќи во неделата играше и против Лидс, иако Лук Шо често играше како стопер оваа сезона, а Маласија како лев бек. Добрата вест е што се враќа Касемиро, кој беше суспендиран во Премиер лигата.