Мбапе: Покажавме дека сме опасни!

357

Баерн Минхен го победи ПСЖ со 1:0 на гостински терен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Кингсли Коман го постигна единствениот гол, додека ВАР го поништи израмнувачкиот погодок на Килијан Мбапе. Реваншот меѓу овие клубови во Минхен е закажан за 8 март.

Зборувајќи по натпреварот за Канал +, Килијан Мбапе рече дека е охрабрен од финишот на натпреварот кога ПСЖ опасно ги притискаше Баварците и се доближи до израмнување.

Мбапе не ни требаше да игра бидејќи се повреди за време на првенствениот дуел со Монпеље, но бидејќи ПСЖ беше немоќен цел час, тренерот на Париз, Галтие беше принуден да го внесе во игра.

Пред реваншот за две недели, најдобриот стрелец на Мундијалот изјави дека ПСЖ има шанса ако игра офанзивно во Германија.

„Мораме да погледнеме крајот на натпреварот, бевме во неповолна позиција, но успеавме да им направиме проблеми. Покажавме дека сме опасни. Одиме во Минхен да поминеме. Работевме напорно за тоа секој ден. На Баерн нема да му биде лесно ако играме максимално офанзивно.“

ПретходноМилвоки е во налет, го урна најдобриот тим во НБА-лига за 11 победа во низа (ВИДЕО)
СледноВалтер разочаран исто како и битолчани: Потфрлија клучните ракометари!