Брони Џејмс, синот на најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс, доби повик да настапи за репрезентацијата на САД која ќе игра на „Nike Hoop Summit“ елитен кошаркарски настан на кој ќе учествуваат најдобрите млади играчи од целиот свет.
На веб-страницата на Американската кошаркарска федерација е објавен список од 13 кошаркари кои ќе ги претставуваат САД и ќе играат против репрезентациите до 19 години од Европа и остатокот од светот. Леброн Џејмс Џуниор моментално е матурант, рангиран од ESPN како 28-ми најдобар средношколец во САД.
Тој се уште не е одлучен на кој факултет ќе посетува, а овој настан ќе му помогне нему и на многу други кошаркари да примат понуди. Развојот на Брони се следи уште од мал, а се очекува да тргне по стапките на својот татко и да игра во НБА.