Серхио Рамос во текот на целата своја кариера е познат како прилично груб фудбалер, но никогаш не го покажал тоа премногу кон луѓето кои немаат никаква врска со фудбалскиот терен.
Сепак, очигледно е дека славата и парите навистина удираат од глава, па ароганцијата на познатите фудбалери од ден на ден се зголемува. Доказ за тоа е потегот на 36-годишниот Шпанец по мечот со Баерн.
По натпреварот фудбалерите на ПСЖ тргнаа пред навивачите да ги поздрават. Фотографите се обидоа да го овековечат тој момент и имаше доста гужва покрај трибините.
На Рамос не му се допадна што немаше простор. Најпрво удрил со лакт по грбот еден од фотографите кој си ја вршел работата и му рекол да внимава, а потоа гневот ќе го извади на друг.
— FootballWTF (@FootballWTF247) February 15, 2023
Човекот се обиде да го помине Шпанецот во толпата. Фотоапартот бил во неговите раце и дошол во контакт со ѕвездата на ПСЖ, на која не му се допаднало што дошло до благ судар.
Рамос реши да реагира бурно. Тој брутално го оттурнал несреќниот човек и покажал сериозна количина на ароганција и дрскост.
Ваков потег на ѕвездата на ПСЖ не му требаше. Разбирливо е дека е лут поради поразот, но и овој човек дојде овде за да заработи за леб и воопшто не е фер да го спречи на ваков начин вообразена ѕвезда.
Sergio Ramos… 😭💀💀
— PSG Report (@PSG_Report) February 15, 2023