Нова успешна приказна: Таеквондо федерацијата доби голем партнер – Алкалоид (ФОТО)

268

Македонската таеквондо федерација доби нов партнер – Алкалоид. Во следните две години овој спорт, кој бележи големи успеси, ќе има сигурност зад себе, ќе има поддршка која во изминатиот период беше потребна, а допрва ќе биде уште потребна во патот на освојување на олимписки норми и медали.

„Чест и гордост што сум тука заедно со македонската таекводно федерација, со Дејан. За нас како компанија која е општествена одговорна и на која спортот и е приоротет, е многу важно што се вклучуваме. Станува збор за бисери на македонскиот спорт, кои ја сакаат државата и насочени се кон развојот на спортот. Оваа година и следната, колку што е договорот, сакаме да бидеме дел од системот во таа подготовка, за поддршка за патувањата каде треба да се освојат норми. Среќен сум кога ќе видам посветени луѓе кои ја претставуваат Македонија како амбасадори на високо ниво. Ние помогнавме да се реализира ваучерот за време на Ковид. Навистина е голема радост она што го направи Дејан на Олимпијадата. Да им помогнеме, јас сум оптимист дека ќе славиме норми и нови медали. За Македонија, за македонскиот спорт, ќе изградиме успешни приказни“, изјави генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов.

No description available.

Борче Костовски, претседател на таеквондо федерацијата беше пресреќен што токму Алкалоид им подаде рака во градење на успешната приказна.

Благодарност до Живко Мукаетов, како човек со широко срце му помага на македонскиот спорт генерално. Тој ја препозна, ја виде македонската таеквондо  приказната, потенцијалот. Заедно ќе бидеме успешни во иднина. Македонската таеквондо федерација во последниот период бележи страшни резултати, несоодветни за македонското поднебје. Покажуваме што се направило до сега и дека се е можно, само доколку се внесе страст, труд и наука. Оваа година ја почнавме силовито, на Президент Купот Дејан освои медал, не очекуваат силни турнири, каде што државата треба да помогне на овој спорт. На европските норми имаме обезбедено, се бориме за норми во Париз, се надевам дека тоа ќе го оствариме“.No description available.

На прес-конференцијата беше присутен и Дејан Георгиевски, македонската гордост.

Мило ми е што сме тука да потврдиме дека македонското таекводно е сериозна приказна која се бори за високи цели – највисоките одличја – олимписки медали. Му благодарам на Алкалоид за оваа поддршка. Годинава ја почнавме успешно со освојување на медал на Президент Купот во Турција се надевам дека така ќе продолжиме. Календарот е полн оваа сезона, се надевам дека ќе успееме“.

 

ПретходноСинот на Леброн повикан во репрезентација!
СледноЛШ-1/8 финале: “Милионерите“ на мегдан со “милијардерите“ од Лондон, Бенфика на гости кај Клуб Бриж!