Скандалозно: Ја обвинуваат Барса дека “купила“ човек од судиската комисија на Ла Лига!

507

Нов скандал во Ла Лига, односно во Барселона.Имено дел од медиумите во Шпанија, ја обвинуваат Барселона дека во периодот од 2016 до 2018 година наводно му дала 1,4 милиони евра на член, односно потпретседател, на судиската комисија на Ла Лига, а тоа е Хозе Марија Енрике Негреира. Тој е и поранешен судија. Со овој потег Барса како клуб сакала да има влијание во судиската комисија, но и да доива совети за судиите кои ќе и судат.

Раководството на Барселона сето ова веднаш го демантираше, односно демантираше дека ова е еден вид на корупција, но потврди дека во тој период користела вакви услуги на надворешни членови.

ПретходноГалтие добива отказ ако испадне од Баерн, ПСЖ го сака само Зидан!
СледноАрсенал ќе „пука“ по “граѓаните“: Артета или Пеп? Вечерва се игра најважниот меч сезонава во ПЛ! (ФОТО+ВИДЕО)