ФК Хоризонт Турново, некогашен наш истакнат прволигашки клуб и учесник во фудбалска Европа, деновиве повторно беш во центарот на вниманието. Спортскиот работник Орце Тодоров, како сопственик на клубот, покажа уште еднаш дека знае како се работи во фудбалот.
Имено викендов Хоризонт Турново беше организатор на убава фудбалска манифестација на која учествуваа околу 260 фудбалерчиња. Се организираше турнир на кој учествуваа четири клуба, Хоризонт Турново, Тиквеш, Кожув/Д. Езеро и Азури, и тоа во пет категории, деца родени во 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014.
Се играше во салата во Турново. Наградите на најдобрите првиот ден ги даваа градоначалникот Ристо Манчев и Сашко Пандев, а во вториот ден Томислав Илиев и Столе Димовски, и тројцата некогашни фудбалери на Хоризонт Турново.
Победници беа сите, но сепак да кажеме дека најдобри по категории беа 2010 – Хоризонт Турново, во 2011 – Азури Радовиш, 2012-Хоризонт Турново, 2013 – Хоризонт Турново и 2014 – Тиквеш.
Два дена, фудбалски викенд за мерак.