Чиро Блажевиќ погребан во загрепската „Алеја на великаните“

425

Прославениот хрватски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ почина на 88 години по долгогодишна борба со тешка болест, а по утринската комеморација попладнето е погребан во Алејата на великаните во Загреб. Бројни фудбалери, тренери, глумци, пријатели и државниот врв го испратија популарниот Чиро во вечниот дом.

Тој остави длабока трага во хрватскиот фудбал, посебно се истакна по освојувањето на бронзениот медал со Хрватска на СП 1998 година. Беше селектор на БиХ, Швајцарија и на Иран, како и на бројни клубови како Динамо Загреб, Приштина, Ријека, Ксамакс, Шангај Шенхуа, Грасхоперс…

Foto: Matija Habljak/Pixsell

ПретходноПоради корупција: Уапсен е претседателот на Фудбалскиот сојуз на Кина!
СледноДобри вести за Османи пред дербито:Повредите се минато, Шкендија со Дориев и Хасани против Шкупи!