Работнички не успеа да дојде до полуфиналето во Купот на Македонија, уште во четвртфиналето згасна надежта дека би можел да го освои пехарот. Бранителот на титулата, ТФТ успеа да ги казни сите недостатоци на најтрофејниот, го совлада со 73-78.
По мечот, очекувано Димитар Мираковски, тренерот на Работнички беше разочаран, најави промени за време на паузата.
„Влеговме нервозно во мечот, игравме надвор од секоја концепција, уште на почетокот го загубивме овој меч. Не го сопревме Костоски, а кога промашија неколку шутети нападот ни беше очаен. Кога играме со тројца плејмејкери не ја движиме топката, кога играме со висока петорка сме статични. Имавме премалку расположени играчи за да се добие ваков меч. Следи пауза, мора да се решат некои работи со дел од кошаркарите, мора да се консолидираме“, изјави Мираковски.