Феноменалниот Марко Одермат по златото во спуст, денеска го освои златото и во велеслаломот на СП во Куршевел. Швајцарецот во двете трки имаше време од 2:34.08 минути. Втор заврши неговиот сонародник Лоик Меилар, додека бронзата ја освои Марко Шварц од Австрија кој по првата трка имаше најдобро време.
Да кажеме дека и Македонија имаше свој претставник, но Мирко Лазарески не успеа да ја заврши првата трка.