Евертон е се поблизу до Бенитез и покрај протестите од навивачите

371

Протестите на навивачите на Евертон нема да ги променат плановите на раководството на клубот, кое продолжува со преговорите со Рафаел Бенитез, објави денес Мирор. 

Двете страни се многу близу до договор, иако пред само неколку дена приврзаниците на „карамелите“ го изразија своето негодување  за доведувањето на Бенитез, со обесени плакати на вратите на „Гудисон парк“. Причината, секако, е што Бенитез беше менаџер на градскиот ривал Ливерпул помеѓу 2006 и 2010 година, кога го водеше тимот од „Енфилд“ до две финалиња во Лигата на шампионите. 

Сепак, Евертон го избра Шпанецот и „Мирор“ тврди дека двете страни се многу близу до договор. На „Карамелите“ им треба нов тренер бидејќи досегашниот Карло Анчелоти го замени Зинедин Зидан на кормилото на Реал Мадрид . Другите две имиња се Греам Потер од Брајтон и Роберто Мартинез, кој во моментов е на чело на Белгија, но го предводеше Евертон помеѓу 2013 и 2016 година.

ПретходноПад на ЕХФ листата и уште две години загарантирано место во ЛШ
СледноФА отвори и ја затвори официјалната истрага за Алиоски