Реал без Бензема и Крос против Осасуна: Анчелоти ги чува најдобрите за Ливерпул

124

Фудбалерите на Реал Мадрид ќе одмораат неколку свои фудбалери викендов во домашното првенство за да задржат свежина за мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите. Распоредот на Реал Мадрид е пеколен во наредниот период, особено ако се знае дека во еден момент ќе имаат три сериозни ривали по ред – Ливерпул, Атлетико Мадрид и Барселона.

Карим Бензема во средата со болки го заврши натпреварот со Елче, не е повреден, но физички е уморен и побара од Анчелоти да не го носи во Памплона. Исто така, Тони Крос, кој поради болест не играше против Елче, доби слободен период и ќе има уште неколку дена целосно да се опорави пред гостувањето кај Ливерпул.

Добрата вест е што Тибо Куртоа се опорави од полесна повреда и се врати во тимот, па поради повреди сега надвор од терените се Ферлан Менди и Маријано Дијаз. Реал во сабота од 21 часот е домаќин на Осасуна, а во вторник во истиот термин и на Ливерпул.

ПретходноКрос со поддршка за Суперлигата!
СледноСудбина: Атсу имал резервирано лет за Франција на денот на земјотресот, но го откажал