Дарвин и Гакпо донесоа победа на Ливерпул на „Ст.Џејмс Парк“ (видео)

188

Со головите на Дарвин Нуњез и Коди Гакпо во раната фаза Ливерпул го совлада Њукасл со 2:0 на „Ст.Џејмс Парк“ во 24.коло на Премиер лигата. Дарвин ја начна мрежата на Њукасл во 10. Минута, а седум минути подоцна Гакпо зголеми на 2:0.

Во 22 минута Њукасл остана со играч помалку поради црвениот картон на голманот Ник Поуп, па домашните имаа многу тешка задача да се вратат резултатски. Резултатот не се смени до крајот и бодовите заминаа на контото на Ливерпул на кого ова му е втора победа по ред, односно 10-та сезонава. Њукасл го впиша вториот пораз.

Освен тоа Ливерпул не е поразен од Њукасл во премиерлигашки меч уште од 2015 година.

ГОЛОТ НА ДАРВИН

ГОЛОТ НА ГАКПО

ПретходноПобеда број 38 на Ајнтрахт против Вердер (видео)
СледноMaјорка со петта победа по ред на домашен терен (видео)