Телото на Кристијан Атсу пристигна во Гана каде ќе биде погребан

601

Телото на Кристијан Атсу, кој загина во страшниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сририја, синоќа пристигна во Акра, главниот град на Гана, каде ќе биде погребан.

Како што е соопштено од Министерството за надворешни работи на Гана, телото било „примено од членовите на семејството, Фудбалската федерација на Гана и владата“.

Кристијан Атсу (31) беше пронајден во урнатините на неговиот дом во Ронесан, 12-катна кула која се урна во земјотресот што ги потресе Турција и Сирија. Фудбалерот кој голем дел од кариерата ја мина во големите европски клубови, оваа сезона настапуваше за екипата на Хатајспор.

ПретходноЃоковиќ го израмни рекордот на легендарната Штефи Граф!
СледноГлејзерс сега бараат 6 милијарди фунти за да го продадат Манчестер Ј.