Ѕвездата на Баерн Минхен, Садио Мане од вчера се врати на тимските тренинзи што е одлична вест за тренерот Нагелсман за продолжението од сезоната.
Сенегалецот се повреди на 8 ноември на мечот од Бундеслигата против Вердер Бремен поради што го пропушти Светското првенство во Катар. Германските медиуми пренесуваат дека напаѓачот ќе биде подготвен за натпревари во следните неколку недели, а би можел повторно да се врати на терен за реванш-осминафиналето на Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, кој е закажан за 8 март.